Министерството за економија ќе надоместува 30% или околу 300 евра од трошоците на секое семејство што сака да вграден сончев колектор во својот дом. Огласот е веќе објавен и ќе трае до крајот на мај годинава, а заинтересираните лица може да аплицираат за овие средства во ресорното министерство. Според Ваљон Сараќини, министер за економија, од буџетот за оваа намена се одвоени 6 милиони денари и со нив ќе се покријат трошоците за околу 350 семејства. Апелирам до граѓаните масовно да се пријават на јавниот повик. Процедурата е многу едноставна - се пополнуваат соодветен образец и барање, но треба да се достави и фактура за вграден колектор. Изборот на апликантите ќе биде јавен во јуни. Министерот потсети дека цените на енергенсите стануваат се повисоки, а Македонија има огромен потенцијал за искористување на сончевата енергија.
Министерството за економија ќе надоместува 30% или околу 300 евра од трошоците на секое семејство што сака да вграден сончев колектор во својот дом.
Огласот е веќе објавен и ќе трае до крајот на мај годинава, а заинтересираните лица може да аплицираат за овие средства во ресорното министерство. Според Ваљон Сараќини, министер за економија, од буџетот за оваа намена се одвоени 6 милиони денари и со нив ќе се покријат трошоците за околу 350 семејства.
- Апелирам до граѓаните масовно да се пријават на јавниот повик. Процедурата е многу едноставна - се пополнуваат соодветен образец и барање, но треба да се достави и фактура за вграден колектор - вели Сараќини.
Изборот на апликантите ќе биде јавен во јуни. Министерот потсети дека цените на енергенсите стануваат се повисоки, а Македонија има огромен потенцијал за искористување на сончевата енергија.
- Моментно речиси 2.500 семејства имаат инсталирано сончеви колектори што, според нашите анализи, значи годишна заштеда од 10.000 денари по домаќинство. Ако сите 600.000 семејства вградат колектори, годишната заштеда би била околу шест милијарди денари - вели Сараќини.
Министерот посочи дека за да се зголеми интересот, како и да се подигне свеста кај граѓаните за вградување сончеви колектори и искористување на средствата за поддршка, оваа кампања ќе се интензивира. Програмата за надоместување на средствата за инсталирани сончеви колектори досега се реализираше секоја втора година, но отсега тоа ќе биде пракса секоја година.